Систематски прегледи за вашите вработени
Според Законот за безбедност и здравје при работа Сл.весник бр. 53/2013 год. и уредба за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи бр.60/2013 год, систематски прегледи за вработени во сите дејности се задолжителни. Согласно овој Закон, работодавачот е должен на работникот да му овозможи лекарски преглед со кој ја утврдува работоспособноста на работникот согласно работната позиција, како и при нови вработувања пред нивно распоредување на соодветната работна позиција.
- Хематолошки статус
- Уринарен статус
- Биохемиски анализи
- Дополнителни биохемиски анализи
- Анамнеза
- Клинички преглед
- Испитување на органи за дишење
- Кардиоваскуларен систем
- Локомоторен систем
- Нервен систем
- Абдоминални и урогенитални органи
- Психолошко испитување
ЛУКС МЕДИКУС е овластена за вршење на систематски преглед согласно Решение на Министерство за здравство на Република Македонија под бр. 22-9117/2
Categories: Систематски прегледи